• недела, 22 декември 2024

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација 

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација 
Атина, 29 август 2021 (МИА) – Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови со вода, заврши протестот пред грчкиот Парламент во центарот на Атина против вакцината и против задолжителната имунизација, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентите започнаа кога демонстрантите почнаа кон полицијата да фрлаат предмети и шишиња, по што специјалните сили одговорија со солзавец и шок бомби, а тензијата од пред Парламентот се пренесе и по околните улици. Полицијата интервенираше и со неколку цистерни со топови вода. Како што јавува од терен дописничката на МИА од Атина, уапсени се најмалку две лица. Денешниот протест беше организиран преку социјалните мрежи, од една страна од оние кои се целосно против вакцината и од друга од оние кои не се против вакцината, но не се согласуваат со задолжителната вакцинација. Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите. ср/јт/ Фото:МИА  

Остани поврзан