• понеделник, 23 декември 2024

Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април

Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на покачувањето на трошоците на животот во делот ресторани и хотели за 3,1 проценти, рекреација и култура за 2,1 процент, транспорт за 1,9 процент, облека и обувки за 1,5 процент, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје за 0,1 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групата комуникации за 0,3 проценти, а на исто ниво остануваат трошоците на живот во делот алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Во споредба со мај минатата година се бележи зголемување од 4,5 проценти.

Цените на мало во мај во споредба со април бележат зголемување од 1,3 проценти, а во однос на мај лани зголемување од 5,8 проценти. бак/нд/

Фото: МИА архива



Остани поврзан