Интер сака да го продолжи договорот со Инзаги до 2027 година
- Тренерот на Интер, Симоне Инзаги може да го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.

Милано, 18 март 2025 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги може да го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.
Раководството на миланскиот клуб сака да го продолжи договорот со 48-годишниот стручњак до летото 2027 година.
Инзаги е на чело на Интер од 2021 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Италија, двапати го освои Купот и три пати Суперкупот, а стигна и до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2022/23.
По 29 кола во Италијанското фудбалско првенство, Интер е лидер на табелата со 64 бодови, три повеќе од второпласираниот Наполи. зс/
Фото: ЕПА