Интер подготвува изненадувачки трансфер во јануари
- Интер ќе се обиде да се засили во јануарскиот преоден рок.

Милано, 29 ноември 2024 (МИА) - Интер ќе се обиде да се засили во јануарскиот преоден рок.
Според „Марка“, клубот може да го привлече Марко Верати. Халфот (32) игра за Ал-Араби во Катар откако летото го напушти Пари Сен Жермен како слободен играч.
Кариерата на Верати во Катар не оди најдобро и неговиот тим е десетти на табелата од 12 екипи и се бори за опстанок.
Италијанецот се надева на заминување веќе во јануари, а „нероазурите“ се кандидати за неговиот потпис.
Сепак, неговата плата ќе биде проблем бидејќи заработува 30 милиони евра по сезона. дс
Фото: Архива