• недела, 28 јули 2024

Интер водечки тим во Европа по три важни показатели

Интер водечки тим во Европа по три важни показатели

Милано, 29 февруари 2024 (МИА) - Интер самоуверено чекори кон својата 20-та шампионска титула во Италија. Со победата од 4:0 над Аталанта, „нероазурите“ сега имаат 12 бода предност пред второпласираниот Јувентус на 12 кола до крајот на сезоната во Серија „А“.

По големиот успех на „Џузепе Меаца“, тимот на Симоне Инзаги ги надмина Ливерпул и Баерн Минхен како тим со најмногу постигнати голови во најдобрите 5 европски лиги.

Интер има забележано 67 гола, додека „црвените“ и Баварците имаат по 63. 

„Нероазурите“, исто така, имаат најмалку примени голови од тимовите во водечките лиги - 12, а исто така имаат најмногу бодови - 69.

Понатаму, италијанските гиганти постигнаа нешто што никогаш не го направиле во својата историја, откако победа на секој од нивните 8 лигашки натпревари од почетокот на 2024 година. дс

Фото: Фејсбук/Интер

Остани поврзан