• сабота, 23 ноември 2024

Интер без Меси го претрпе највисокиот пораз во клупската историја

Интер без Меси го претрпе највисокиот пораз во клупската историја

 

Мајами, 7 јули 2024 (МИА) – Ослабен без услугите на Лионел Меси, кој настапува со Аргентина на Копа Америка, неговиот клуб Интер Мајами го претрпе синоќа највисокиот пораз и првпат прими шест голови во кратката клупска историја.

Во дерби натпреварот во американската МЛС лига, Интер Мајами загуби од Синсинати со 6-1.

Јапонецот Јуја Кубо постигна два гола (10, 57), а одличен настап имаше и Аргентинецот Лучијано Акоста кој постигна гол (36) со две асистенции.

Стрелци за Синсинати беа и Павел Буча (38), Јамил Асад (45+4) и Хералдо Валензуела (72).

Голот за Интер го постигна Сергеј Кривцов (21).

Највисокиот пораз на Интер Мајами досега беше 0-5 против Њу Ингланд во јули 2021 година (5-0). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан