• среда, 25 декември 2024

Инспектори од Мобилна царина запленија пиштол и муниција од патник на Блаце

Инспектори од Мобилна царина запленија пиштол и муниција од патник на Блаце

Скопје, 25 декември 2023 (МИА) - Запленети се пиштол и муниција што биле откриени од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при детална контрола на возило управувано од косовски државјанин на влез во државата на граничен премин Блаце, информираат денеска од Царинската управа.

Пиштолот CZ Shadow 2 и една рамка со 15 куршуми со калибар 9 мм, се откриени во кожната чантичка на возачот којашто била скриена под совозачкото седиште, а во возилото се пронајдени и 5 чаури со калибар 9 мм. Пиштолот и муницијата се одземени, а против лицето е поднесена кривична пријава.

Од Царинската управа нагласуваат дека Секторот за контрола и истраги во континуитет спроведува мерки за спречување на пролиферација на оружје, негови делови и муниција. Во оваа насока, додаваат, донесена е Стратегија и Акциски план за 2023-2024, во чии рамки се спроведуваат мерки и активности чија цел е ефикасно превенирање, идентификација, следење и сузбивање на недозволена трговија со оружје, а преку поголеми контроли, следење на состојбите, водење финансиски истраги, обезбедување докази и преземање на посебни истражни мерки се со цел сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје. сст/са/ 

фото Царинска управа

Остани поврзан