• четврток, 05 септември 2024

Индискиот премиер Моди ја започнува дводневната посета на Сингапур

Индискиот премиер Моди ја започнува дводневната посета на Сингапур

Сингапур, 4 септември 2024 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ќе се сретне со сингапурскиот премиер Лоренс Вонг, соопшти владата на Сингапур.

Дводневната посета на Моди на Сингапур започнува денеска.

Индискиот лидер ќе се сретне и со претседателот на Сингапур Тарман Шанмугаратнам и со поранешните премиери Ли Хсиен Лунг и Го Чок Тонг за време на неговата посета, која ќе биде петта за Моди на Сингапур.

Индискиот премиер ќе се сретне и со сингапурски бизнис лидери и претставници на индустријата за полупроводници.

Заедно со Моди во Сингапур ќе бидат и претставници на индиската влада, меѓу кои и министерот за надворешни работи и советникот за национална безбедност. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан