• вторник, 24 декември 2024

ИИХФ ќе се произнесе за учеството на играчите од НХЛ на Олимпијадата во Пекинг

ИИХФ ќе се произнесе за учеството на играчите од НХЛ на Олимпијадата во Пекинг
Цирих, 10 јануари 2022 (МИА) - Претседателот на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) Лук Тардиф рече дека организацијата има намера в среда да даде официјална изјава во врска со учеството на играчите од НХЛ на претстојната Олимпијада. - Не е доволно да се добие дозвола за учество на Олимпијадата само од Меѓународниот олимписки комитет или Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Единствената можност за учество е дозвола од нивниот клуб или лига. ИИХФ во среда ќе излезе со официјален став околу ова прашање, истакна Тардиф. Претходно на американската професионална лига - НХЛ се противи на учеството на хокеарите на Олимпијадата во Пекинг. Олимписките игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари, а турнирот во хокеј за мажи ќе започне на 9 февруари. зс/

Остани поврзан