• сабота, 23 ноември 2024

ИИХФ и го одзема СП на Белорусија

ИИХФ и го одзема СП на Белорусија
Минск, 18 јануари 2021 (МИА) - Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) на својата официјална веб-страница објави дека Минск е лишен од правото да организира натпревари на Светското првенство во 2021 година. Домаќини на хокеарскиот Мундијал 2021 требаше да бидат Белорусија и Латвија, односно нивните престолнини, Минск и Рига. Сега ИИХФ ќе одлучи дали Летонија ќе биде коорганизатор или сите натпревари ќе се одржат во една земја. Одлуката за одземање на организацијата на турнирот во Минск е донесена поради безбедносни причини, соопшти ИИХФ. - Многу е тажно што таквата одлука требаше да биде донесена. Во текот на дискусиите, се обидовме да ја промовираме идејата дека Светското првенство може да послужи како инструмент за смирување на ситуацијата во земјата и да помогнеме на Белорусија да тргне по вистинскиот пат. Ние го поддржуваме ставот дека Светското првенство не треба да се користи како инструмент за политички притисок. Но, исто така, признаваме дека одржувањето на турнирот во Минск не е можно во сегашната ситуација, истакна претседателот на ИИХФ, Рене Фасел. СП 2021 требаше да се одржи во Минск и Рига од 21 мај до 6 јуни. Одлуката на ИИХФ следува, откако претставници на неколку национални хокеарски федерации и спонзори се изјаснија за можен бојкот на белорускиот дел од турнирот. Причината за ова беше тензичната состојба во Белорусија и постапувањето на властите за време на протестите во земјата. зс/

Остани поврзан