• среда, 27 ноември 2024

Изјава на претседателот на Собранието Јован Митрески

Изјава на претседателот на Собранието Јован Митрески

Струга, 24 април 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески денеска го оствари своето право на глас во рамки на првиот круг од претседателските избори во избирачкото место 1861 во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга.

- Верувам дека денес изборниот ден ќе помине во најдобар ред, како што личи на една демократска држава. Во изминатите изборни циклуси покажавме дека како држава може да органзиираме фер и демократски избори, според европските стандарди и правила, изјави Митрески по гласањето.

Ги повика сите граѓани да излезат да го остварат своето избирачко право.

- Очекувам дека ќе излезат во поголем број, затоа што од нивниот глас зависи иднината на државата, тоа е врвно демократско право и очекувам во најголем број да го искористат, рече Митрески.

Во општина Струга право на глас имаат 60.894 гласачи, а ќе гласаат на 101 избирачко место. сс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан