• понеделник, 23 декември 2024

Изјава на претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села

Изјава на претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села

Струга, 24 април 2024 (МИА) - Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг под претседателските избори во основното училиште во струшкото село Ливада.

- Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата. Тоа е многу важно. Луѓето да се чуствуваат слободни да ја изразуваат својата поддршка за кандидатот за кој тие мислат дека треба да гласаат, изјави Села по гласањето.

Заклучи дека денеска атмосферата на гласачкото место во Ливада е демократска,

- Секогаш на ово гласачко место во Ливада таа атмосфера постоела и ќе постои, рече Села.

Очекува дека ќе победи кандидатот зад кој стојат како политичка партија и се надева дека се ќе биде мирно и ќе се прифатат резултатите. сс/сст/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан