• понеделник, 23 декември 2024

Изјава на Биљал Касами, претседател на Движење Беса

Изјава на Биљал Касами, претседател на Движење Беса

Тетово, 8 мај 2024 (МИА) - Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами го исполни своето право на глас во Тетово за претседателските и парламентарните избори. Тој заедно со сопругата гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

- Денес го искористив моето уставно и законско право, да гласам на претседателските и парламентарните избори, многу важни избори за иднината на оваа држава. Ги повикувам сите граѓани на Северна Македонија да излезат да гласаат затоа што со својот глас тие придонесуваат за забрзување на патот на Северна Македонија кон Европската унија. Со тоа што ќе гласаат, тие ќе гласаат за своите деца, ќе гласаат за својата иднина. Секогаш, негласањето е полоша опција од колку да гласаме, затоа што со тоа ние создаваме институционална криза која најмалку е потребна на оваа држава во ова време. Нас ни требаат функционални институции кои од утре забрзано ќе работат за интегрирање на државата во Европската унија, истакна Биљал Касами по гласањето.

На новинарско прашање за инциденти Касами рече дека има, за што реагирале институциите.

- Имаше сознанија (за инциденти) но за среќа, за првпат веќе реагираат институциите, односно полицијата. Жално е тоа што во такви инциденти се имплицирани униформирани лица и од верските заедници и некои елементи од полицијата. Затоа ги повикуваме сите чинители на оваа држава, сите граѓани да воздржат од какво било деформирање на гласот на народот, затоа што за тоа ќе одговараат. Од утре граѓаните ќе бидат слободни, секој кој им згрешил ќе треба да одговара за тоа, истакна Биљал Касами. ас/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан