Израел под ракетен напад од Јемен по воздушните удари врз Хутите
- Израелската армија соопшти дека денеска активирала тревога за ракетен напад во повеќе области, откако биле истрелани ракети од територија на Јемен. Се прават обиди за пресретнување на ракетите, а исходот сè уште се разгледува. Засега нема информации за жртви или штета.
Тел Авив, 7 јули 2025 (МИА) – Израелската армија соопшти дека денеска активирала тревога за ракетен напад во повеќе области, откако биле истрелани ракети од територија на Јемен. Се прават обиди за пресретнување на ракетите, а исходот сè уште се разгледува. Засега нема информации за жртви или штета.
Претходно, израелските воздухопловни сили извршија напади врз ирански цели на Хутите во Јемен, меѓу кои пристаништа и електрични постројки, соопшти израелската армија.
Според соопштението, погодени се локации во Ал Худајда, Рас Иса, Салиф и електраната Рас Канатиб. Меѓу целите бил и бродот „Galaxy Leader“, кој беше запленет од страна на Хутите во 2023 година, опремен со радар за следење трговски бродови.
Од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, Хутите редовно вршат напади врз Израел, изразувајќи поддршка за палестинскиот Хамас.
Израел редовно возвраќа со воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен. ссм/
фото: архива