Израел: Подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран нападнат со околу 50 борбени авиони
- „Пред малку околу 50 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, водени од прецизни разузнавачки податоци на израелските вооружени сили, го погодија подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран“, се наведува во соопштение на Израелските одбранбени сили.
Тел Авив, 6 март 2026 (МИА) – Израел соопшти дека подземниот воен бункер на покојниот ирански врховен лидер Али Хаменеи во Техеран денеска бил цел на напад изведен од околу 50 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, пренесе ДПА.
„Пред малку околу 50 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, водени од прецизни разузнавачки податоци на израелските вооружени сили, го погодија подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран“, се наведува во соопштение на Израелските одбранбени сили.
Според израелската армија, бункерот бил користен како база за воени активности.
Се смета дека комплексот се протега под неколку улици и има повеќе влезови. Израелската војска оцени дека нападот „дополнително го намалил капацитетот на режимот во однос на командување и контрола“.
Очевидци во Техеран јавија за силни експлозии и потреси кои се почувствувале во многу станбени згради. ссм/мс
фото: ЕПА