Израел го нападна Институтот за истражување на вселената во Техеран
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше воено-вселенска програма“, вклучително и сателитот „Шарман 1“, што беше лансиран во 2024 година
Ерусалим, 16 март 2026 (МИА) - Израел денеска соопшти дека ја уништил локацијата на која иранската армија ја развива вселенската програма.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше воено-вселенска програма“, вклучително и сателитот „Шарман 1“, што беше лансиран во 2024 година.
На социјалните медиуми објавени се фотографии на кои се гледа оштетената зграда на Институтот за истражување на вселената во Техеран. ми/ссм/
фото: Икс