Израел вели дека Хезболах испалил 70 ракети на израелска територија
- Израел соопшти дека либанското шиитско движење Хезболах денеска испалило 70 ракети на израелска територија.
Ерусалим, 6 март 2026 (МИА) - Израел соопшти дека либанското шиитско движење Хезболах денеска испалило 70 ракети на израелска територија.
„Во последните денови, стотици ракети и дронови беа испукани“ кон Израел, а од денеска „околу 70 ракети беа испукани“ кон израелска територија, изјави портпаролот на израелската армија Надав Шошани.
Од почетокот на израелската офанзива против исламистичкото движење на 2 март, „извршивме 26 бранови напади, во кои нападнавме повеќе од 500 цели во Либан и елиминиравме повеќе од 70 терористи на Хезболах“, објасни израелскиот портпарол. мс/
фото: Архива