• сабота, 23 ноември 2024

Израелското разузнавање неколку недели пред 7 октомври предупредило за нападот на Хамас

Израелското разузнавање неколку недели пред 7 октомври предупредило за нападот на Хамас

Тел Авив, 18 јуни 2024 (МИА) – Израелскиот јавен радиодифузер Кан вчера објави дека израелското разузнавање неколку недели пред нападот на Хамас на 7 октомври минатата година ги предупредило израелските воени претставници дека палестинската група подготвува напад.

Разузнавачката единица за сигнали на израелската војска подготвила извештај уште во септември, помалку од еден месец пред нападот на Хамас што ја предизвика актуелната војна во Појасот Газа.

Според Кан, разузнавачкиот документ на Единицата 8200 вклучува детали за елитните борци на Хамас кои тренираат за земање заложници и планови за рации на воени позиции и израелски заедници во јужен Израел. Во извештајот се посочува и дека палестинските милитанти имаат за цел да земат стотици заложници.

Во нападот на Хамас загинаа 1.194 луѓе, главно цивили, а 251 човек беа земени како заложници 251 лице, од кои 116 сè уште се во Појасот Газа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан