• петок, 08 ноември 2024

Израелската војска ја уништи куќата на Палестинецот обвинет за убиство на Израелка

Израелската војска ја уништи куќата на Палестинецот обвинет за убиство на Израелка
Ерусалим 11 мај 2020 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека нејзините сили ја уништиле куќата на Палестинецот обвинет за нападот на Западниот брег минатата година, во кој загина 17-годишна Израелка. Израел смета дека 22-годишниот Касем Баргути го извршил нападот во август минатата година, во кој загина Рина Шнерб, а нејзиниот татко и брат беа ранети додека шетале во близина на населбата Долев на Западниот Брег. Војската наведува дека десетина Палестинци, додека траело уништувањето на куќата во селото Кобар кај Рамалах , палеле гуми и фрлале камења и молотови коктели кон израелските војници. Израелската војска додава дека уништувањето на куќите на наводните милитанти ги одвраќа луѓето од насилство, додека критичарите велат дека таквите тактики придонесуваат за колективно казнување. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан