• вторник, 24 декември 2024

Изминатата недела санкционирани 130 непрописно паркирани возила во општина Центар

Изминатата недела санкционирани 130 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 14 до 20 октомври, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 130 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар, се наведува во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Оттаму апелираат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. дма/бак/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан