• понеделник, 07 октомври 2024

Изложби, доделување награди и настап на Диџеј Макс на Факултетот за ликовни уметности

Изложби, доделување награди и настап на Диџеј Макс на Факултетот за ликовни уметности

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Изложби, доделување награди и настап на Диџеј Макс ќе може да се посетат вечерва на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Станува збор за дел од 44. Годишна изложба на Факултетот при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Во 20 часот најавена е изложба на наградени студенти од четврта година на сите катедри на овој факултет. Притоа, свечено ќе бидат доделени неколку награди, пишува во соопштението од Факултетот.

Настапот на Диџеј Макс е закажан еден час подоцна - во 21 часот. Посетителите ќе можат да го проследат настапот пред ателјеата на катедрата за Скулптура и трансмедиумски практики. бд/вг/

Фото: Факултет за ликовни уметности

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан