• вторник, 26 ноември 2024

Изложба во СУУ „Лазар Личеноски“ со избор на најдобри дела создавани изминативе 10 години

Изложба во СУУ „Лазар Личеноски“ со избор на најдобри дела создавани изминативе 10 години

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба со која се одбележува јубилејот 10 години од воведувањето на предметот Фотографија и одделот Мултимедија.

Уметничко училиште, како што наведуваат, со гордост ќе го претстави изборот на најдобри дела создавани изминативе 10 години, а тоа се фотографии, дигитално креирани дела, анимации и видеа. 

-Средното уметничко училиште следната 2024-та ќе прослави голем јубилеј, 80 години од основањето. Во своето постоење неколку пати сменило наставни планови, а последен пат 2013-та, кога се воведени предметите Видео и звук, Анимација, Медиски форми, Дигитална уметност и Фотографија. За жал сеуште без посебен закон за уметничко образование е третирано како таксативно набројано училиште во системот на образование, наведуваат од Училиштето „Лазар Личеноски“. вг/са/

Фото: постер СУУ „Лазар Личеноски“

Остани поврзан