• сабота, 09 ноември 2024

Излезеноста во Струга до 15 часот 23 отсто, во Вевчани 45 проценти

Излезеноста во Струга до 15 часот 23 отсто, во Вевчани 45 проценти

Струга, 24 април 2024 (МИА) - До 15 часот во Струга 23 проценти од вкупно 60.894 гласачи го оствариле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори, а во Вевчани гласале 45 отсто од 2.072 регистрирани гласачи.

Претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска информираат дека гласањето се одвива тековно без никакви нарушувања на избирачкиот процес.

Гласачките кутии во двете општини беа отворени утрово во 7 часот.

Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, додека во Вевчани граѓаните своето гласачко право можат да го остварат во три избирачки места. сс/вј/

Фото МИА

 

Остани поврзан