• вторник, 24 декември 2024

Изградена трим патека во струмичко Босилово

Изградена трим патека во струмичко Босилово

Струмица, 26 јули 2023 (МИА) - Во општинскиот центар Босилово изградена е трим патека во должина од 1.050 метри и е поставена урбана опрема.

Патеката е изградена во рамки на проектот „Туризмот-иднината на регионот“, што е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Како што информираат оттаму, жителите на Босилово со изградбата на патеката добиле ново место за спорт и рекреација.

Средствата во износ од 5.249.038 денари се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој, а сопствено учество имаше и Општина Босилово.рт/цр

Фото: ЈИПР

Остани поврзан