• недела, 06 октомври 2024

Изгоре автомобил кај Струмица

Изгоре автомобил кај Струмица

Струмица, 1 август 2023 (МИА) - Денеска во 09:30 часот изгоре автомобил на патот меѓу селата Муртино и Сачево, кај Струмица.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето на автомобилот учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари.

Пожарот бил во разгорена фаза при што било спречено негово натамошно ширење, но причинета е значителна материјална штета.

Според првичните сознанија пожарот настанал од самозапалување на автомобилот. рт/дма/

Фото: ТППЕ Струмица

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан