• среда, 25 декември 2024

Изгаснат пожарот кај месноста Губенек во беровското село Русиново

Изгаснат пожарот кај месноста Губенек во беровското село Русиново

Берово, 5 април 2024 (МИА) - Изгаснат е пожарот кој вчера попладне ја зафати месноста Губенек, атар на беровското село Русиново. Информацијата за локализирање на пожарот ја потврди Сашко Руменовски, командир на беровската Територијална противпожарна единица, кој додаде дека во текот на изминатата ноќ, спречено е ширење на пожарот кон месноста Безгашчево.

-Благодарение на екипи на ТППЕ Берово и Национални Шуми изгаснат е пожарот кај месноста Губенек, во село Русиново. Направена е обиколка од земја, како и од воздух со беспилотно летало - дрон. Претходно учесниците во гаснењето го запреа неговото ширење кон месноста Безгашчево, истакна Руменовски.

Апелираше на совесно однесување на граѓаните кога станува збор за палење оган на отворено.

-Уште еднаш упатувам апел до сите граѓани, да не палат стрништа и оган на отворено, а исто така упатувам апел до инспекциските служби да почнат да работат и конечно да изрекуваат казни на несовесните граѓани, додаде Руменовски.

Во пожарот кај Губенек кој беше пријавен вчера околу 15:20 часот, изгорена е поголема површина мешана шума, даб, јасика и бука. вс/сст/

Остани поврзан