Извидници од поречанскиот одред „Галеб“ собраа 30 вреќи цврст отпад од кејот на Вардар во општина Аеродром
- Повеќе од 30 вреќи цврст отпад е собран во денешната акција за чистење организирана од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“ Скопје во соработка со општина Аеродром.
![Извидници од поречанскиот одред „Галеб“ собраа 30 вреќи цврст отпад од кејот на Вардар во општина Аеродром](https://mia.mk/index.php/images/20221112151936_big_730x400_73.webp )
Скопје, 19 март 2022 (МИА) - Повеќе од 30 вреќи цврст отпад е собран во денешната акција за чистење организирана од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“ Скопје во соработка со општина Аеродром.
Во акцијата, во која учествуваа 40 извидници на возраст од 8 до 22 години, со помош на вработените од ЈП Комунална хигиена, е исчистен и кејот на реката Вардар, од паркот на авиончето до паркот на последна петка.
Во оваа активност учествувал и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
- Освен што се постигнаа видливи резултати со чистењето, извидниците сакаат да испратат силна порака, дека се грижат за заедницата и само преку личен пример и ангажман може да се направат поголеми промени кои ќе водат кон почиста средина, се наведува во соопштението од Извидничко поречански одред „Галеб“ Скопје. цр/лв/
![DSC_0463](/articles/images/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d/b19YRybQU/placeholder.webp?use_watermark=0)
![DSC_0441](/articles/images/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d/SxGvL73rt/placeholder.webp?use_watermark=0)