• среда, 27 ноември 2024

Извештај: Вештачката интелигенција може да претставува закана со целосно изумирање на луѓето

Извештај: Вештачката интелигенција може да претставува закана со целосно изумирање на луѓето

Вашингтон, 13 март 2024 (МИА) - Нов извештај нарачан од американскиот Стејт департмент укажува на застрашувачка слика од „катастрофални“ ризици по националната безбедност од брзата еволуција на вештачката интелигенција (ВИ), и предупредува дека е дојдено време сојузната влада да реагира за да се избегне катастрофа.

Наодите се базирани на интервјуа водени во текот на годината со повеќе од 200 специјалисти како извршни директори на водечки технолошки компании во ВИ, истражувачи во кибер безбедноста, експерти за оружје за масовно уништување и  владини службеници од националната безбедност.

Издаден неделава од „Гледстоун Еј Ај“ извештајот категорично наведува дека најнапредните системи со вештачка интелигенција во најлош случај „претставуваат закана со целосно изумирање на човечкиот вид“.

Си-Ен-Ен доби потврда од државен службеник дека Стејт департментот го нарачал овој извештај бидејќи „постојано оценува како вештачката интелигенција се усогласува со целите за заштита на американските интереси дома и во странство“.

Службеникот истакнал дека извештајот не ги претставува гледиштата на владата на САД.

Извештајот е уште еден потстетник дека иако потенцијалот на ВИ продолжува да ги плени инвеститорите и јавноста, дека сепак постојат реални опасности.

-ВИ веќе е економски трансфомативна технологија. Овозможува да лечиме болести, да правиме научни откритија, и да ги надминеме предизвиците кои некогаш беа ненадминливи, изјави Џереми Харис, извршен диркетор и коосонвач на „Гледстоун Еј Ај“.

Но, таа може да донесе сериозни ризици, вклучувајќи катастрофални ризици за кои треба да сме свесни. Растечки број на докази, вклучувајќи и емпириско истражување и анализа објавени на најважните конференции за ВИ, сугерираат дека над некое ниво на возможност, ВИи можат потецијално да избегаат од контрола.

Претседателот Џо Бајден потпиша извршен указа за ВИ за кој портпаролот укажа дека е најважниот чекор што некоја влада во светот го презела да се даде ветување за менаџирање на ризиците од вештачката интелигенција“, пренесе Си-Ен-Ен. кб/

Остани поврзан