Изведба на оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало
- Оперската претстава „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена вечер (20.00) на сцената на Националната опера и балет.

Скопје, 8 април 2022 (МИА) - Оперската претстава „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена вечер (20.00) на сцената на Националната опера и балет.
Операта е во режија на Дејан Прошев, диригент е Бисера Чадловска, сценографија е на Илина Ангеловска, костимографијата на Никола Булески, кореограф е Олга Панго, концерт мајстор Јане Бакевски, а хор мајстор Ѓурѓица Дашиќ.
Свој настап ќе имаат Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев и Васко Здравков, како и балетските играчи Ендру Кук од Велика Британија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. сан/сп/