• недела, 28 јули 2024

Избрано ново раководство на Здружението „Клуб на генерали“

Избрано ново раководство на Здружението „Клуб на генерали“
Скопје, 18 март 2022 Ве информираме дека нов претседател на Здружението „КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ -Скопје“ е генерал д-р Павле Арсоски, за нов потпретседател избран е генарал д-р Мухамед Рацај, а нов претседател на Надзорен одбор на здружението е генерал д-р Методи Хаџи Јанев. Изборот на новото раководство на Здружението беше извршено на Годишното собрание на Здружението кое се одржа во Домот на Армијата во Скопје, на кое присуствуваа речиси сите членови - активни и пензионирани генерали. Генералот Арсоски го наследи досегашниот претседател на Здружението, генерал Зоран Димов на кого му заврши мандатот. Генерал Димов во извештајот за работата на Клубот на Генерали за периодот од 2020-2021 истакна дека и покрај ограничувањата предизвикани од пандемијата со корона вирусот, сите предвидени активности беа реализирани. Пред присутните беше презентирана и Предлог програмата за работа за 2022 година. Годинава Клубот на генерали одбележува свој јубилеј - 10 години од неговото основање, а активно ќе се вклучи и во прославата на Големиот јубилеј- 30 години од формирање на македонската армија. Клубот на Генерали е здружение кое е основано во 2012 година и во кое членуваат армиски генерали меѓу кои и поранешни команданти и началници на Генералштабот на АРМ , чија главна цел е да се бави со актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната на државата. Здружение КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ-Скопје ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан