• вторник, 24 декември 2024

„Избрани песни/Selected poems“  - Нов превод на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на англиски јазик 

„Избрани песни/Selected poems“  - Нов превод на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на англиски јазик 

Охрид, 22 август 2024 (МИА) - Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе книгата „Избрани песни/Selected poems“  на англиски јазик од Славе Ѓорѓо Димоски.

Изданието содржи сто песни објавени двојазично на македонски и на англиски јазик, а изборот и препевот е на Даниела Спироска.

Изборот е придружен со есеј на Венко Андоновски во кој истакнува: „За една поезија обично се вели дека е голема, и со тоа, по творештвото на Блаже Конески се согласни речиси сите, ако е едноставна. Се чини дека „инфантилизацијата” на јазикот, силно изразена кај Димоски, е едно од можните решенија за едноставна песна. Поетот говори големи нешта со лесни, едноставни зборови. Зборови на примордијалната, првобитна, детска свежина на перципирање на светот“.

Оваа е четврта книга на Славе Ѓорѓо Димоски на англиски јазик, а уште осумнаесет му се преведени на повеќе светски јазици. аб/мд/

фото/МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан