ИДФ: Израел има детаљно разработени планови за следните три недели војна со Иран
- Сакаме да се осигуриме дека овој режим е ослабен колку што е можно повеќе и дека ги уништивме сите негови капацитети, сите негови делови и сите гранки на неговиот безбедносен систем, посочи Шошани
Ерусалим, 16 март 2026 (МИА) - Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), потполковник Надав Шошани,л денеска изјави дека Израел има разработено детаљни планови за следните три недели војна со Иран, како и дополнителни планови за подалечна иднина.
Војната на САД и Израел против Иран влегува во третата недела, без јасен крај на повидок. Клучната Ормуска Теснина, преку која минуваат 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, е блокирана, што ги зголемува цените на нафтата и ги зголемува стравувањата од нов глобален скок на инфлацијата.
Израелската армија нападот врз Иран го дефинира како операција со ограничен обем со цел да се ослаби способноста на Иран да го загрози Израел со напаѓање на неговата балистичка ракетна инфраструктура, нуклеарни објекти и безбедносни служби.
- Сакаме да се осигуриме дека овој режим е ослабен колку што е можно повеќе и дека ги уништивме сите негови капацитети, сите негови делови и сите гранки на неговиот безбедносен систем посочи Шошани.
Тој потврди дека се мобилизирани повеќе од 110.000 резервисти бидејќи „сè уште има илјадници цели што треба да се нападнат во Иран“. ми/
фото: МИА архива