• понеделник, 23 декември 2024

ИДФ: Во Бејрут убиен командантот на Хезболах задолжен за комункации, Мухамед Рашид Сакафи

ИДФ: Во Бејрут убиен командантот на Хезболах задолжен за комункации, Мухамед Рашид Сакафи

Тел Авив, 4 октомври 2024 (МИА) - Командантот на либанското движење Хезболах задолжен за комуникации, Мухамед Рашид Сакафи е убиен вчера во израелски воздушен напад во Бејрут, соопшти денеска израелската армија (ИДФ).

„Тајмс оф Израел“ пренесе дека Сакафи од 2000 година го водел  одделот за комуникации на Хезболах и се сметал за еден од луѓето во врвот на движењето.

 „Сакафи направи значителни напори за развој на комуникациските способности меѓу сите единици на Хезболах во текот на сите периоди на операцијата со цел да се одржи протокот на информации во рамките на целата терористичка организација“, додаде израелската војска. 

Претходно ИДФ соопшти дека израелската армија во голем воздушен напад врз главниот град на Либан, Бејрут, во текот на ноќта го гаѓала седиштето на разузнавачката служба на либанската милитантна група Хезболах. 

„Њујорк Тајмс“ и американскиот портал „Аксиос“ објавија дека цел на израелскиот напад на Бејрут бил Хашем Сафиедин, кој треба да биде избран за нов лидер на Хезболах откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, јави „Тајмс оф Израел“. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан