• понеделник, 23 декември 2024

Иванка Трамп и Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и рентаат скап апартман во Мајами

Иванка Трамп и Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и рентаат скап апартман во Мајами
Вашингтон, 22 јануари 2021 (МИА) - Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и заминаа во Мајами каде рентаат луксузна недвижност, соопшти денеска Си-ен-ен повикувајќи се на свои извори. Се дознава дека Иванка во Мајами изнајмила апартман во луксузен станбен комплекс на брегот на Атлантскиот Океан со договор на една година. Телевизијата дознава дека месечната кирија на таква недвижност е во висина од 40.000 долари. Се укажува и дека во близина на брегот на Флорида има остров наречен Индијан крик, во сопственост на Иванка, и дека таа таму планира да изгради дом. Иванка и Џаред беа советници на претседателот во Белата куќа. Претходно, на Флорида заминаа и самиот Трамп со сопругата Меланија, сега веќе екс-првата дама на САД. Американските медиуми известија дека по излегувањето од авионот „Ер Форс Уан“, Меланија сама продолжила кон влезот на аеродромот без да му се придружи на сопругот. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан