ЗНАМ: Да ја видиме иницијативата па потоа ќе се изјасниме за учество на лидерска средба
- Партијата ЗНАМ ќе се изјасни дали ќе учествува на лидерска средба откако ќе ја добие иницијативата што вчера ја најави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Партијата ЗНАМ ќе се изјасни дали ќе учествува на лидерска средба откако ќе ја добие иницијативата што вчера ја најави лидерот на СДСМ Венко Филипче.
-Да ја добиеме иницијативата и да ја видиме, па ќе се изјасмиме, изјавија од партијата кусо за МИА.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план - што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.
Парламентарните партии засега не се изјаснуваат дали ќе учествуваат на ваква лидерска средба во очекување на официјалната иницијатива на Филипче.
Од Владата велат дека официјална иницијатива до нив се уште не е дојдена, но дека се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне. ев/нд/
Фото: архива