„Златен Елец“ со театарската претстава „Грета“ гостуваше во Македонска Каменица
- Независниот театар „Златен Елец“ со театарската претстава „Грета“ синоќа гостуваше во Македонска Каменица. „Грета“ е работена според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете во режиja и адаптација на Тамара Стојаноска.
Македонска Каменица, 23 февруари 2023 (МИА) - Независниот театар „Златен Елец“ со театарската претстава „Грета“ синоќа гостуваше во Македонска Каменица. „Грета“ е работена според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете во режиja и адаптација на Тамара Стојаноска.
- Низ претставата присутните може да видат осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои зборуваа за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник, истакнаа од „Златен Елец“.
Настанот го организираше Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица, како продолжение на богатата културна понуда која се реализираше во февруари.
- Во Домот на култура во Македонска Каменица овој месец имавме повеќе настани како за најмладата, така и за повозрасната публика. Претставата која вечерва имаа можност да ја видат посетителите беше токму за повозрасните љубители на театарот кои се надевам уживаа во изведбата на актерите од независниот театар „Златен Елец“, истакнаа од КИЦ „Романса“.
Богатата понуда на културни настани, како што додадоа од каменичкиот Дом на култура, продолжуваат и во март. вс/дма/