„Зимска бајка“ - новогодишен спектакл за деца со омилените ликови
- Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на 22 декември во спортската арена „Јане Сандански“ ќе се одржи „Зимска бајка“ во организација на D- Sound продукција.

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на 22 декември во спортската арена „Јане Сандански“ ќе се одржи „Зимска бајка“ во организација на D- Sound продукција.
Како што најавува организаторот, се работи за новогодишен спектакл за деца со омилените ликови. Ќе настапат „Златните славејчиња“, „Поточиња“, Биби и Боби, а децата ќе другаруваат и со маските на „Pаw Patrol“ („Патролни шепи“).
Според програмата, ќе настапат Андреј и Панчо од ДНК.
Картите за „Зимска бајка“ можат да се купат на kupikarta.com. мд/бак/
Фото: D - Sound продукција