• недела, 22 декември 2024

Зечевиќ: Силата на духовното раѓање и вербата во новата надеж нека бидат заедничка поткрепа за подобра иднина 

Зечевиќ: Силата на духовното раѓање и вербата во новата надеж нека бидат заедничка поткрепа за подобра иднина 

Скопје, 19 јануари 2024

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и организацискиот секретар Митко Трајчулески денеска присуствуваа на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици заедно со граѓаните на Охрид.

Зечевиќ им го честиташе празникот на сите православни христијани.  

„Ви го честитам големиот празник Богојавление – Водици и ви посакувам добро здравје, спокој и благосостојба. 

Силата на духовното раѓање што ја носи овој голем празник и вербата во новите почетоци што создаваат нова надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да успееме, да истраеме, да бидеме сплотени и да создадеме подобра иднина за сите наши граѓани, за целиот наш народ.

Бог се јави! За многу години Водици!” истакна Зечевиќ во честитката.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан