• сабота, 21 декември 2024

Земјотрес од 4,1 степен во Албанија

Земјотрес од 4,1 степен во Албанија

Тирана, 28 февруари 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,1 степен според рихтеровата   скала вечерва, во 18:43 часот е регистриран во централна  Албанија.

Епицентар бил во Белш на 24 километри од градот Елбасан и на 9 километри од Љушња, на длабочина од 2 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета, освен што предизвикал вознемиреност кај населението.

Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во други градови во Албанија, но и во западниот дел на Северна Македонија. вт/ссм/

Остани поврзан