• четврток, 21 ноември 2024

Земјоделски инспекторат: Откупени се 18 тони и 362 килограми тутун по просечна цена од  368 денари

Земјоделски инспекторат: Откупени се 18 тони и 362 килограми тутун по просечна цена од  368 денари

Прилеп, 21 ноември 2024 (МИА) - Од почетокот на откупот на тутунот во земјава, до вчера се преземени 18 тони и 362 килограми со просечна цена од 368,33 денари за килограм. На теренот се откупува на 14 ваги и тутун засега купуваат три компании, информира директорот на државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев.

Досега, најмногу има откупено фирмата „Кавекс Балкан“ која презела 10 тони и 248 килограми по просечна цена од 375 денари што е цената на прва класа килограм откупен тутун. Компанијата „Сокотаб“ откупила 6 тони и 490 килограми по цена од 356, 13 денари, а фирмата „Пашоски“ од кооперантите презела еден тон и 623 килограми и сиот во прва класа од 375 денари.

-Во моментов во земјава тутун се откупува на 14 пункта, од кои на 7 купува „Сокотаб“, на пет пункта фирмата „Кавекс Балкан“, а на два пункта тутун откупува компанијата „Пашоски“.  Нема никакви проблеми во досегашниот тек на откупот и се чека да почнат другите компании да го преземаат договорениот тутун од кооперантите, вели Анакиев.

Според Сојузот на тутунски здруженија покрај трите компании кои откупуваат, од понеделник е најавено откупната кампања да ја започнат и компаниите „Секе“, „Алијанс“ и „Италмакс“.

Тутунарите остануваат на ставот дека бараат повисока откупна цена која да не биде во просек пониска од 420 денари за килограм. ем/дма/

фото: МИА

  

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан