• сабота, 16 ноември 2024

Земјите-членки на Г7 го осудија нападот на Хамас врз Израел

Земјите-членки на Г7 го осудија нападот на Хамас врз Израел

Маракеш, 12 октомври 2023 (МИА) - Категорично ги осудуваме неодамнешните терористички напади на Хамас врз државата Израел и ја изразуваме нашата солидарност со израелскиот народ. Ова го изјави министерот за финансии на Јапонија, Шуничи Сузуки, по состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки од Г-7.

Дискусиите се одржаа во рамките на Годишниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во мароканскиот град Маракеш.

Прес-конференцијата беше одложена за повеќе од еден час „за да се разјаснат“ некои фрази во последното коминике, рече и јапонскиот министер за финансии.

Сузуки рече дека земјите од Г7 ќе продолжат да ја поддржуваат Украина да се брани во нелегалната и неоправдана војна што започна со руската инвазија минатата година. Тој посочи дека на состанокот на Г-7 учествувал и министерот за финансии на Украина Серхи Марченко.

- Остануваме посветени на унапредување на меѓународната соработка за справување со глобалните економски тешкотии предизвикани од руската војна против Украина и претворањето на енергенсите и храната во оружје, рече Сузуки.

- Во овој контекст, ја повикуваме Русија да ги прекине нападите врз украинските резерви и инфраструктурата со жито и брзо да ја обнови Црноморската иницијатива за жито за подобрување на понудата на светскиот пазар и намалување на нестабилноста на цените на храната“, додаде јапонскиот министер за финансии. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан