• вторник, 26 ноември 2024

Земјава со експертска помош од ЕУ И ЕУРОСТАТ ќе ги разгледува можностите за пресметка на медијална плата

Земјава со експертска помош од ЕУ И ЕУРОСТАТ ќе ги разгледува можностите за пресметка на медијална плата

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Земјава со експертска помош од ЕУ и ЕУРОСТАТ ќе ги разгледува можностите за пресметка на медијална плата, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков. 

Одговорајќи на новинарски прашања во однос на медијалната плата, Станков најави и потпишување меморандум за соработка со Управата за јавни приходи (УЈП). 

-Медијалната плата е важен индикатор за економистите. Пред неколку години почнавме активности за пресметување на просечната плата од административни извори. Притоа беше променет начинот на пресметување на просечната плата од традиционално истражување кон податоци што се земаат од УЈП. Се очекува потпишување меморандум за соработка со УЈП во наредниот период. Ќе ги испитаме можностите заедно со ЕУРОСТАТ и да добиеме експертска помош од ЕУ за да ги разгледаме можностите за пресметка на медијална плата која би била споредлива и би ги следела европските стандарди, изјави директорот пред почетокот на настанот за проектот „Статистиката на Северна Македонија усогласена со потребите на корисниците и барањата на ЕУ“.

Станков тврди дека македонската статистика ги следи европските и меѓународните стандари и регулативи.

-Нашите поатоци се целосно споредливи со податоците на ЕУ и се реобјавуват од ЕУРОСТАТ и ММФ, што е доказ за квалитетот. Поглавјето 18 од процесот на пристапувањето кон ЕУ е дел од првиот Кластер „Фундмантални вредности“ за кој Државниот завод има клучна улога во обезбедување точни, навремени, веродостојни и споредливи податоци  кои се основа за пристапниот процес, нагласи Станков. мч/аа/

фото/видео: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан