• вторник, 24 декември 2024

Зеленски: Русија подготвува државен удар во Украина со цел да го собори претседателот

Зеленски: Русија подготвува државен удар во Украина со цел да го собори претседателот

Киев, 17 ноември 2023 (МИА) - Москва сака да посее поделба во украинското општество и да создаде хаос во земјата за да го собори нејзиниот претседател, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Укринформ.

Украинската новинска агенција се повикува на американската телевизија Блумберг.

-Нашето разузнавање има информации што ги споделија со нас и нашите партнери, рече Зеленски.

Украинскиот претседател појасни дека станува збор за дезинформациски план што Русите го нарекле „Мајдан 3“ - повикување на централниот плоштад во Киев, што беше епицентар на револуциите во 2004 и 2014 година. Во втората од овие две револуции беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович, потсетува Укринформ.

-Мајдан за нив значи државен удар, така што јасно е која е целта на оваа операција, посочи Зеленски.

Украинскиот лидер, кој ја отфрла идејата за разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека украинската Влада нема да се задоволи со проекти за замрзнување на конфликтот во Украина.

Укринформ пренесува дека секретарот на Украинскиот национален совет за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов, смета дека руската Федерална служба за безбедност сака да почне проруски политички проект во Украина. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан