• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски: Разговарав со Лајен за осми пакет санкции кон Русија

Зеленски: Разговарав со Лајен за осми пакет санкции кон Русија
Киев, 4 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на голем број теми меѓу кои и за воведување на осми пакет санкции кон Русија. - Разговаравме за распоредување на следната транша од макрофинансиската помош на Европската Унија што е можно поскоро. Ја нагласивме потребата да се подготви осмиот пакет санкции против Русија, вклучително и забраната за издавање визи за руските граѓани, напиша Зеленски на Твитер. Тој додаде дека се координирал со Лајен за следните чекори за „ограничување на дополнителниот профит на Русија од продажбата на нафта и гас“, како и за забрзаниот процес за приклучување на Украина во ЕУ. ми/

Остани поврзан