• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски од Вилнус: Украинското членство ќе го направи НАТО посилно

Зеленски од Вилнус: Украинското членство ќе го направи НАТО посилно

Вилнус, 11 јули 2023 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски, веднаш по пристигнувањето во Вилнус, каде се одржува самитот на НАТО, на кој неговата земја доби цврсто ветување дека во иднина ќе стане членка на Алијансата,  попладнево зборуваше пред мноштво луѓе во главниот град на Литванија на церемонија на кревање на украинското знаме. 

-Членството на Украина ќе го направи НАТО посилен, изјави Зеленски во Вилнус, кој денеска и утре е домаќин на шефоците на држави и влади на 31 земја членка на Алијансата.

„НАТО ќе ја осигура безбедноста на Украина. Украина ќе го направи НАТО посилен“, рече Зеленски, кој заедно со неговиот литвански колега Гитанас Науседа, присуствуваа на церемонијата на кревање на украинското знаме донесено од Бахмут. Овој град беше предмет на долга опсада и епицентар на борбите со руската војска во источна Украина. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан