• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Здравствените картички за влез во барови и ресторани во Франција е во согласност со Уставот

Здравствените картички за влез во барови и ресторани во Франција е во согласност со Уставот
Париз, 5 август 2021 (МИА) - Уставниот суд на Франција донесе одлука дека новиот закон, со кој се бара граѓаните да имаат здравствена картичка за пристап до ресторани и трговски центри и здравствените работници да бидат вакцинирани против Ковид-19 до средината на септември, во голема мера е во согласност со Уставот. Но, според Уставниот суд е неуставно здравствен работник да добие отказ ако одбил да се вакцинира, а исто е неуставно задолжителен карантин и проверки на секој кој има позитивен тест на Ковид-19. ми/

Остани поврзан