• среда, 27 ноември 2024

Зголемување на платите за вработените во јавното здравство

Зголемување на платите за вработените во јавното здравство

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска имаше средба со претставници на синдикатот за здравство по повод потпишување на Спогодбата меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство.

Како што е наведено во соопштението од МЗ, станува збор за утврдување најниска плата на вработени во здравството и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството, предвидено со општиот колективен договор.

-На денешната средба ја потпишавме Спогодбата за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната. Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита за пациентите, истакна на средбата министерот Меџити.

Поединечни колективни договори ќе бидат склучени со Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во државата. љм/са/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан