• четврток, 30 јануари 2025

Зголемен надоместокот за секое новороденче во Општина Ѓорче Петров

Зголемен надоместокот за секое новороденче во Општина Ѓорче Петров

28 јануари 2025

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, продолжува со посветената работа за подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Со цел да се поддржат младите семејства и да се поттикне населението, општината донесе значајна одлука за зголемување на надоместокот за новороденче од 5.000 на 7.000 денари. Денес градоначалникот Стојкоски потпиша нови решенија за оваа поддршка, со што се потврдуваат заложбите за инвестирање во најмладите генерации.

Дополнително, општината активно вложува во подобрување на условите за предучилишно образование. Во моментов е во тек изградбата на нова градинка во населбата Стопански Двор, а паралелно се работи на подготовка на документација за изградба на уште две нови градинки на територијата на Општина Ѓорче Петров.

„Создаваме услови за секое дете и секое семејство да имаат сигурна и подобра иднина во Ѓорче Петров. Ова не е само наша обврска, туку и наша мисија. Општината се развива заедно со граѓаните и за граѓаните,“ изјави градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на создавање модерна, инклузивна и перспективна заедница.

Општина Ѓорче Петров

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан