• сабота, 23 ноември 2024

Зголемен број интервенции на Итна помош Куманово, Црвен крст со акција за делење вода и совет за граѓаните

Зголемен број интервенции на Итна помош Куманово, Црвен крст со акција за делење вода и совет за граѓаните

Куманово, 11 јули 2024 (МИА) - Зголемен е број на интервенции во кумановската Итна помош, соопштија денеска надлежните лекари. Оттаму велат дека интервенираат за 30 до 40 проценти повеќе во однос на пролетниот период.

- Имаме често интервенции на колабирања. Особено внимание треба да обрнат и здравите, работоспособните луѓе. Не треба да се преценуваат и да излегуваат непотребно во периодот од денот кога е најтопло. Кога веќе се на работни места треба да се освежуваат со вода, да направат паузи, да внимвааат на себе, изјави доктор Валентина Тодоровска од Итна помош Куманово.

Хронично болните треба да ја земат пропишаната терапија, возрасните да излегуваат најдоцна до 10 во утринските часови после 17 часот.

Денеска и екипите на Црвен крст Куманово спроведоа активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на поради високите температури волонтерите денеска излегоа на терен и поделија 310 мали шишенца со вода и летоци, дизајнирани од нив во кои на граѓаните им се прикажани совети за заштита од високите температури.

-Целта на акцијата која е во план да продолжи и во текот на наредниот период е да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури, и да им се укажува на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје, велат од Црвен крст Куманово. ам/дма/


Фото: МИА и Црвен крст Куманово

Остани поврзан