• среда, 25 декември 2024

Зголемени водостоите на Преспанското и Охридското Езеро

Зголемени водостоите на Преспанското и Охридското Езеро
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Преспанското и Охридското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек за јуни и тоа за 1,86 метри кај Преспанското и за два сантиметра кај Охридското езеро. За разлика од нив нивото на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисоко од просечното. Водостоите, пак, на реките во земјава најчесто се пониски од просечните за овој период од годината и имаат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Исклучок е реката Сатеска на мерното место кај Ботун каде денешното ниво е двојно пониско од вчерашното.вј/са/

Остани поврзан